Полицијата најде куп лекови во домот на пејачот Арон Картер, причината за смртта сè уште не е позната

Полицијата откри куп лекови и компримиран воздух во домот на американскиот пејач Арон Картер кој беше најден мртов во саботата. Засега од таму велат дека причината за неговата смрт е непозната. Кај него нашле шишиња таблети и лекови кои се издаваат на рецепт. Пронашле и компримиран воздух кој може да предизвика трајно оштетување на мозокот, но и да доведе до напади, кома, срцев удар, гушење па и смрт.

Уште не знаат од што починал, но полицијата рече дека кога го нашле во кадата, се чувствувал мирис на распаѓање, а водата во која лежел немала природна боја, што може да значи дека телото било таму подолго време. Немало траги од насилство, а било познато дека имал проблем со зависноста и менталното здравје .

За потсетување, Арон се прослави на крајот од 90-тите години уште на само 9-годишна возраст. Тогаш издал дебитантски албум кој го нарекол по себе. Вториот албум Aarons Party доживеа поголем успех од првиот. Картер беше познат и по брат му Ник, еден од членовите од легендарната група „Бекстрит бојс“.

 

Scroll to Top