Полицијата трага по актерот Џулијан Сендс откако се загуби при планинарење во Јужна Калифорнија

Британскиот актер Џулијан Сендс исчезна минатиот петок додека планинареше во Калифорнија, соопшти полицискиот оддел на Сан Бернардино.

Сендс беше пријавен за исчезнат на 13 јануари, изјави портпаролката на полицискиот оддел за Си-Ен-Ен.

Тимовите за пребарување и спасување на одделот започнале потрага но биле спречени од временските услови во потрагата.

„Потрагата ќе ја продолжиме со хеликоптери и дронови кога временските услови ќе дозволат“, се вели во соопштението.

Полицијата додаде дека потрагата ќе биде закажана откако ќе се подобрат временските услови и ќе бидат побезбедни условите за спасувачките екипи.

Полициските сили соопштија дека одговориле на 14 повици на и околу планината Болди во изминатите четири недели и ги предупредиле планинарите да размислат двапати и да ги слушаат предупредувањата во услови на неповолни временски услови.

Сендс е познат по улогите во серијата „24“ и филмовите „Соба со поглед“, „Ворлок“ и „Гол ручек“.

Scroll to Top