Половина час по запознавањето, ѝ рекол дека е таткото на нејзините деца, таа лута го откачила: Мајкл Даглас и Кетрин Зета Џонс прославија 21 година во брак

Холивудските ѕвезди Мајкл Даглас (77) и Кетрин Зита Џонс (52) неодамна ја прославија својата 21 годишнина од бракот. Тие важат за еден од најскладните парови и покрај големата генерациска разлика од 25 години.

Тој објави видео со досега невидени фотографии од нивниот прв танц од венчавката која се одржа на 18 ноември 2000 година во хотел во Њујорк, пет месеци по разводот на Даглас од неговата прва сопруга Диандра Лукер.

„Среќна годишнина, драга моја Кетрин! Те сакам многу”, напиша тој во описот на видеото. Покрај првиот свадбен танц, имаше и моменти додека играат голф и скијаат, сето тоа придружено со песната „Best Day of My Life“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michael Douglas (@michaelkirkdouglas)

Тие се запознаа во 1998 на филмскиот фестивал во Довил во Франција, преку заедничкиот пријател, актерот Дени де Вито, кој подоцна стана и кум на нивната свадба.

Даглас во едно негово интервју откри дека сè уште добро се сеќава на ноќта кога ја запознал својата идна сопруга. Откако дознал дека се родени во ист ден и дека сака да игра голф, по половина час од разговорот, ѝ рекол дека тој е таткото на нејзините идни деца, на што таа само му посакала добра ноќ. Следниот ден ѝ испратил цвеќе за извинување. Подоцна започнала нивната дружба која резултирала со бакнеж девет месеци подоцна.

За време на една новогодишна прослава во Аслен, додека заедно се лечеа во кревет од грип, Даглас клекна пред неа и ја запроси со 10-каратен дијамантски прстен од Фред Лејтон, опкружен со 28 помали дијаманти, проценет на милион долари. Во тоа време, Кетрин веќе беше бремена со нивниот прв син Дилан. Таа се породи во август 2000 година, а подоцна и се венчаа. Целата церемонија чинеше околу милион и пол долари, од кои 250 илјади долари чинеше само венчаницата со потпис на Дејвид Емануел. Меѓу гостите имаше и голем број познати холивудски актери. 

Покрај синот, ја имаат и ќерката Керис Зита со кои долго време живејаа на Бермуда.

Во 2010 година на Даглас му беше дијагностициран рак на грлото во четврти стадиум, сепак една година подоцна, тој успешно се излекува. Но во 2013 година, парот доживеа сериозна криза во бракот, откако актерот јавно проговори за борбата со ракот на јазик. Тој призна дека дека заболел поради орален секс, кога се заразил со HPV вирусот. Наводно, тоа многу ја налутило Кетрин бидејќи тој не ѝ кажал дека го добил вирусот пред да стапат во брак, па таа реши да го напушти.

За време на нивната разделба, Мајкл никогаш не извади бурмата, затоа што беше уверен дека нивната љубов ќе победи, а како што вели тој, им било потребно само малку време за да го изградат и да поработат на сопствениот брак.

Во 2013-та година Кетрин Зита Џонс по третпат беше примена во институција каде требаше да се лекува од биполарно нарушување. Тогаш Мајкл изјави дека тие проблеми само ја направиле нивната врска поцврста.

„Вистинската љубов бара работа. Љубовта е неверојатно чувство што доаѓа од дното на вашата душа, но потребно е да ја негувате. Кога станав повозрасен сфатив дека љубовта не можете да ја земете здраво за готово“, рече тој.

Потоа актерот призна дека всушност имал рак на јазикот, а не на грлото, но дека таквите информации ги дал по препорака на лекарот, за да не си ги уништи идните понуди во кариерата.

Во 2014-та година, Кетрин и Мајкл повторно се појавија заедно со децата, а на себе ги носеа бурмите. По што одлучија да го продадат дотогашниот дом, и да почнат од почеток во нова палата со осум спални соби и 13 бањи, што ги чинеше околу 11,25 милиони долари.

Кетрин неодамна во интервју ги откри тајните за нивниот успешен брак. Таа рече дека иако имале свои подеми и падови, како и големиот скептицизам уште од почетокот на нивната врска, тие се сè уште во среќен брак.

„Мојот сопруг е 25 години повозрасен од мене, тоа не е тајна. Но она што е постојано се љубовта и почитта. Никогаш не сме ја изгубиле смислата за хумор и уживаме во меѓусебното друштво“, изјави Кетрин.

Scroll to Top