Полусестрата на Георгина бара помош за децата: Немаме што да јадеме, помогни им на внуците

Георгина Родригез не мора да се грижи за финансиите од кога е со Кристијано Роналдо, еден од најуспешните фудбалери на денешницата, но, тоа не е случај и со нејзиното семејство.

Полусестра ѝ Патрисиа Родригез, деновиве во шпанските медиуми откри дека се наоѓа во тешка состојба и побара помош од неа. Рече дека минува низ тешка финансиска ситуација и дека веќе три години преспиваат кај пријатели.

„Немам пари, а сестра ми не ми помага“, рече Патрисиа во телевизиското шоу Socialite.

„Она што најмногу ме боли се децата. Не ми е грижа толку за мене, колку за нив. На крајот јас можам да изедам и парче леб, но моите деца, кои се нејзини внуци понекогаш имаат доволно за јадење, но понекогаш и не. Некогаш имам доволно пари за да ја платам киријата, но понекогаш не“, рече таа.

Откако татко ѝ починал пред три години, Патрисиа не е во најдобри односи со Георгина. Сега одлучила да испрати очајна порака до неа и Роналдо, пренесе Marca.

„Георгина, ми треба помош, ти се мојата сестра“, и порача таа.

„Знам дека нема обврска и дека не е одговорна за нас, но бидејќи е подгтовена да им помогне на другите, би можела барем да им помогнеш на твоите внуци и внуки. Ако не сакаш да бидеш со мене, барем биди со нив“, рече Патрисиа.

Во јануари годинава на „Нетфликс“ излезе документарецот за животот на Георгина Yo Georgina, „Јас сум Георгина“, но ниту еднаш во него, не ја спомена полусестра ѝ. Георгина е родена во Аргентина, но пораснала во Шпанија, а во документарецот зборува за нејзините пријатели, деца и другата сестра, Ивана.

Двете имаат ист татко Јорге Едуардо Родригез, но Патрисиа ја родила неговата поранешна партнерка, која исто така ја нема во документарецот. Откако мајка ѝ починала кога имала само 11 години, Патрисиа живеела со татко ѝ, Герогина и Ивана.

„Секогаш се чувствував како да сме одделени. Веднаш ме сместија во интернат во Јака додека моите сестри чуваа девојчиња“, рече Патрисиа во едно од нејзините први интервјуа за медиумите.

„И побарав потпшана маица од Кристијано Роналдо за син ми. Ми рече дека не сака да му досаѓа додека е на одмор“, додаде Патрисиа, која уште од претходно откри дека по смртта на татко ѝ, Георгина ја исфрлила од нејзиниот живот.

„Пред три години татко ми почина во Аргентина од проблеми со срцето. Мојата сестра не се ни понуди да ми ја плати авионската карта, иако знаеше дека немам пари за да одам на погреб“, рече Патрисиа во забавната програма Telecinco Sabado Deluxe.

Откако Георгина во документарецот рече дека никогаш нема да го заборави семејството, затоа што знае како е да се нема ништо и како е да се има сè, се јави и нејзиниот вујко, Хесус Хернандез и рече дека заборавила на некои од работите откако го запознала Роналдо.

„И помагав и се грижев за неа и нејзините сестри. Им купував облека, им ја плаќав струјата и водата. Работев сè што требаше. Георгина живееше кај мене додека беше тинејџерка, сè додека татко ѝ не се врати во Аргентина“, рече Хернандез.

Татко ѝ, кој бил поранешен фудбалски тренер, Јорге Родригез, бил осуден на 11 години затвор за организирање на неуспешен обид за шверц на повеќе од 100.000 фунти кокаин од Шпанија во Франција ден пред петтиот роденден на Георгина.

„Никогаш ништо ѝ немам побарано. Еднаш или два пати само сакав да се чујам со неа откако дознав дека излегува со Роналдо. Можеби се срами од нас и смета дека е подобра затоа што не живееме во луксуз. Не ни се јави ни кога татко ѝ почина. Навистина не знам зошто. Пробав да ја контактирам. Му пишав и на Роналдо на „Фејсбук“. Му напишав дека ја има најлошата жена на светот зад себе. Му пишав и дека ако сака да дознае повеќе само треба да ни се јави“, рече Хернандез.

И покрај тоа што некое време живеела кај вујко и Георгина се оддалечи од семејството кога го запозна Роналдо, тврдат извори од семејството. Толку се оддалечила, што нејзината баба Јуана Ескарабајал, која починала пред четири години, никогаш не ја запознала правнука и Алан Мартина.

 

Scroll to Top