Популарен пејач почина на 28 години, го каснал пајак

Дарлин Мораис почина на 28-годишна возраст откако пајак го касна на лицето.

Бразилскиот пејач бил каснат на 31 октомври во својот дом во градот Миранорте, по што неговата здравствена состојба се искомплицирала, па починал во понеделникот, пишува Дејли Мејл.

Неговата поќерка, исто така, претрпе каснување од пајак и моментално е хоспитализирана во стабилна состојба, изјави сопругата на Мораис, Жулиен Лисбоа.

Сопругата на починатиот пејач рекла дека Дарлин се чувствувал уморен, а бојата на модринката на лицето почнала да му се менува како последица на каснувањето.

Подоцна во текот на неделата, тој развил алергиска реакција и ја посетил болницата во Миранорте, каде што бил лекуван и отпуштен во петокот.

„Почувствува слабост во телото и лицето почна да му се затемнува истиот ден“, рече Лисбоа.

Scroll to Top