Доделувањето на Американските музички награди беше совршена можност Кристина Агилера да ѝ оддаде почест на починатата дива Витни Хјустон. Таа ја изведе една од нејзините најпознати нумери I will always love you, како и неколку песни од филмот „Телохранител“.
Сенка на настапот фрлија нејзиниот испеглан тен и устата поради што со тешкотии ги движеше и устата и лицето.
Уште во текот на настапот на социјалните мрежи почнаа да се шират коментари дека Кристина звучи одлично, но дека би требало да престане со употребата на ботоксот и филерите бидејќи со тешкотија го движи лицето и едвај ја отвора устата.