Поради кавга со соседите, Роби Вилијамс им наредил на работниците да бидат тивки

Роби Вилијам ја реновира куќата во Лондон, а работниците добиле наредба од пејачот да бидат тивки за да не ги вознемируваат соседите. Вилијамс живее покрај куќата на музичарот Џими Пејч, од „Лед Цепелин“ и за да не го вознемирува, на работниците им наредил да користат посебен рачен алат од 19 век.

Алатот го набавил од посебно место кое ја мери јачината на звукот и го чинела 58.000 евра. Роби и Џими се расправаат повеќе од 7 години, уште од почетокот кога се доселиле, а причината била одобрението за реновација. Пејџ не сакал Роби да го реновира подрумот, затоа што секој најмал удар може да го уништи неговиот дом. Затоа Роби ветил дека работниците ќе бидат тивки и нема да надминат повеќе од 25 децибили.

Scroll to Top