Поради недостиг на „кеш“ пропаднаа рестораните на Џејми Оливер

Ѕвездата од емисијата „Голиот готвач“ Џејми Оливер за Financial Times вели дека бројните лоши финансиски одлуки, го довеле до раб на банкрот и дека имал само два часа време да го спаси својот ланец на ресторани, кој го основал во 2008 година.

„Едноставно ми снема кеш пари. Тоа не го очекувавме“, изјавил Џемји кој во септември бил приморан да вложи 12,7 милиони фунти во својот ланец на ресторани за да не пропадне.

„Имав само два часа да ги дадам парите и да го спасам мојот бизнис. Беше многу лошо и драматично“, вели Џејми. Готвачот и членовите на одборот морале да отпуштат стотина работници и да затворат 12 ресторани, откако неговиот долг се искачил на 75,1 милион фунти.

„Навистина не знам што се случи. Се обидуваме и денеска да ја разрешиме целата ситуација, но мислам дека високиот менаџмент кој беше на таа позиција се обидуваше да произведе она што се нарекува совршена бура. Закуп, курсеви, трошоци за храна, Брекзит, зголемената минимална плата. Многу работи се случуваа во тој момент“, објаснил Џејми.

Готвачот би требало да ги добие назад своите пари, а извршниот директор ветил дека, ако ништо друго, барем поголемиот дел од парите Оливер ќе ги добие на својата банкарска сметка.

Според информациите на дел од британските медиуми, имотот на светскиот готвач и неговата сопруга, дизајнерката Џулиет Нортон, се проценува на околу 150 милиони фунти. Џејми Оливер од 2000 година е во брак со Нортон, со која има пет деца.

Scroll to Top