Поради проблеми со дишењето, брза помош интервенирала во домот на Брижит Бардо

Брза помош интервенирала во домот на француската филмска ѕвезда Брижит Бардо, откако се пожалила на проблеми со дишењето.

Службите за итни случаи биле повикани во домот на 88-годишната актерка на југот на Франција во средата вечерта, потврдил сопругот на актерката Бернард Д’Ормале.

Имено, откако ја потврдил веста, Бернард додаде дека на Брзата помош првично и била дадена погрешна адреса.

“Беше околу 9 часот кога Брижит имаше проблеми со дишењето. Нејзиното дишење беше посилно од вообичаено, но не ја изгуби свеста”, објаснувал сопругот на Бардо.

Болничарите и дале кислород и извесно време останале во куќата на парот за да ја набљудуваат.

Scroll to Top