Светската пејачка Шер откри дека поради тешката болест со која била соочена, таа морала да направи голема пауза во својата музичка кариера. Концертите и настапите порано ѝ носеле многу пари и се сметала за милијардерка, но сега е на работ на егзистенција.
Шер направи голема пауза во кариерата на крајот на осумдесеттите години кога ѝ бил дијагностициран Епстен-Бар вирус. Станува збор за еден вид херпес, кој можел да ѝ предизвика откажување на органите.
„Во тој период бев многу болна. Воспалението на белите дробови речиси ме уби. Лекарите прво ми зборуваа дека сум луда и дека претерувам, но сепак на крајот открија дека сум тешко болна“, вели пејачката за светските медиуми.
Поради исцрпеноста, Шер морала да направи пауза во кариерата. Таа објаснила дека не можела да ги издржи настапите. За да преживее, пејачката почнала да снима реклами.