Поради здравствени проблеми Џастин Бибер ја прекина светската турнеја

Канадскиот пејач Џастин Бибер, поради здравствени проблеми ја прекина светската турнеја. На „Инстаграм“ најави дека привремено ќе ја прекине Justice World Tour поради замор. Досега имаше шест настапи во живо, пред да му биде дијагностициран Ramsay Hunt синдромот.

„Минатиот викенд настапив на музичкиот фестивал Rock In Rio и го дадов максимумот пред луѓето во Бразил“, рече Бибер.

Откако лекарите, семејството и членовите од тимот го советуваа да одмори, пејачот ги извести обожавателите дека здравјето му е приоритет пред турнејата.

„Ќе направам пауза од турнејата. Ќе бидам добро, но ќе ми треба време да се одморам и оздравам“, рече Бибер ѝ им се заблагодари на фановите за поддршката.

Турнејата веќе му беше одложена претходно годинава, откако пејачот и неговиот тим беа позитивни на корона. Турнејата потоа ја почна во март. До март 2023 година има закажано 70 концерти во Јужна Америка, Азија, Австралија, Нов Зеланд и Европа.

Бибер не кажа кога може да се врати, а не одговори ни на прашањата на новинарите за повеќе детали. За потсетување, во јуни му е дијагностициран синдромот Ramsay Hunt, кој се карактеризира со парализа на едната страна од лицето.

Беше принуден да ги откаже настапите. Потоа објави видео на „Инстаграм“ на кое едната страна од лицето му е парализирана, но на фановите им порача дека само му треба време да се опорави.

 

Scroll to Top