Поранешен креативен директор на Вог е закана за Ана Винтур

Поранешниот креативен директор на Вог и воедно поранешен пријател на уредничката на ова списание, напиша книга од која Ана Винтур се плаши.

Андре Леон Тали во својата книга наведува дека Ана никогаш не била заинтересирана за мода и дека сè што таа сакала е моќ. Тали споменува и голем број на дизајнери од високата мода.

“Модата никогаш не ја интересираше, сè што таа сакаше е моќ”

Тали рече дека не се плаши од одмазда, и покрај тоа што влијанието на Ана е ослабено. Тој рече дека таа веќе добила една копија од книгата и дека побарала од него да ги тргне деловите што зборувале за нејзиното семејство.

Книгата која ќе го раздрма модниот свет кога ќе излезе, е автобиографија на Тали. Покрај Ана Винтур, во книгата има делови и за пикантност за Карл Лагерфилд, со кого Тали беше добар пријател, но и за Ив Сен Лорeн.

Scroll to Top