Во трагедијата што му се случи на Лестер во саботата откако се сруши хеликоптерот и загинаа пет лица беше и претседателот на клубот.
Лестер потврди дека животот во овој трагичен настан го загубил претседателот Вичај Шривадханапраба, но и уште четири лица.
Денеска во соопштението од полицијата беа откриени и нивните идентитети, а една од нив е Нурсара Скунами, поранешна мис на Тајланд. Таа била прогласена за најубава жена во Тајланд во 2005 година, а била дел од семејството на сопственикот на Лестер.
Нурсари беше активна на друштвените мрежи, а често објавуваше и фотографии од натпреварите на англискиот клуб.