Поранешната Мис на светот се вери по три месеци врска

Поранешната Мис на светот и глумица Пријанка Чопра (36) и пејачот Ник Џонас (25) се верија по три месеци врска, пишува магазинот „Пипл“. Тие се повикуваат на пријатели на двојката, според кој Ник ја побарал Пријанка за жена минатата недела на нејзиниот роденден.

Портпаролот на глумицата не сакал да ги коментира вестите за свршувачката, но шпекулациите дека се верени ги поттикна и режисерот Али Абас Зафар, кој на „Твитер“ напиша дека Пријанка не е веќе дел од неговиот проект „поради многу специјална причина, а ние сме многу среќни за неа и ја почитуваме одлуката“.

Пријанка и Ник се запознаа лани на Мет гала во Њујорк. Тие неодамна беа на заедничко патување во Индија каде што пејачот од „Џонас брадрс“ го запозна нејзиното семејство, а малку пред тој и Пријанка ги запознала роднините на Ник.

Scroll to Top