Поранешната на Џастин Теро тврди дека тој ја искористил Анистон   

Актерите Џенифер Анистон и Џастин Теро се разделуваат по две и пол години брак.

Одлуката е заемна и постигната со многу љубов кон крајот на минатата година. Ние сме двајца прекрасни пријатели кои решија да се разделат како двојка, но сакаме да го продолжиме своето пријателство, се вели во заедничкото соопштение на Анистон и Теро.

Нивната одлука да стават крај на бракот ги изненади сите, освен стилистката Хајди Бивенс, која со Џастин беше во врска цели 14 години. Во изјава за „Радар онлајн“ таа кажа дека ја предупредила Анистон.

Таа ѝ рекла на славната актерка дека Џастин има премногу слободен дух за да може да се врзе со некого. Понатаму кажала дека Анистон мора да се помири со фактот дека сопругот нема да биде засекогаш нејзин бидејќи тој човек го мрази Холивуд и не сака да го помине својот живот таму.

Џенифер Анистон ја започна врската со Џастин додека неговата врска со Хајди беше на стаклени нозе.

Единственото што тој го сакал во тој момент е да успее во кариерата, па неговата поранешна девојка смета дека врската со Анистон ја започнал од чиста корист.

Scroll to Top