Поранешниот ангел на Викторија сикрет Јасмин Тукс е прогласена за најубава жена за 2022

Поранешниот ангел на Викторија сикрет, Јасмин Тук, е прогласена за најубава жена за 2022 година. Листата најубави лица за минатата година ја направи платформата TC Canlder, а изборот го прави комисија од независни критичари. Тие секоја година составуваат листа од 100 најубави лица .

31 годишната Американка, која неодамна објави дека е бремена, беше во конкуренција со уште некои холивудски ѕвезди. Поранешната актерка и Мис Израел, Гал Гадот, се најде на листата по 12-ти пат.
Ана де Армас која неодамна ја играше Мерлин Монро во „Blonde” е рангирана на 27 место.

Кубанката се најде на листата веќе деветта година по ред. Пејачката Дуа Липа за прв пат се појави на листата на 56-то место, додека ѕвездата на „Еуфорија“, Сиднеј Свини е исто така ново лице на 60-то место.

Ѕвездата на „Игра на тронови“ Емилија Кларк е 83-та и веќе 12-та година е на листата, а Аријана Гранде се најде на 85-тото место во седмата година на листата. Меѓу најубавите лица на светот е и хрватската фудбалерка Ана Марија Марковиќ која се најде на 94. позиција.

За потсетување листата е избрана врз основа на 160.000 лица на луѓе од 50 земји во светот и не се работи само за најзгодните или најпознатите личности од светот на шоубизот.

Scroll to Top