Поранешниот батлер на принцезата Дајана, Пол Барел тврди дека последниот разговор кој Лејди Ди го имала со нејзината мајка Френсис Шанд Кид, неколку дена пред нејзината смрт не бил нималку пријатен.
Тој односот на мајката и ќерката го спореди со сегашниот на Меган Маркл кој го има со нејзиниот татко Томас. Војвотката од Сасекс вели дека е втора генерација на жени во кралското семејство која има проблеми со родителите, или барем еден од нив.
Поранешниот кралски батлер кој подоцна се воспоставил и како близок пријател на принцезата, Пол Барел, подоцна за медиумите го открил телефонскиот разговор кој принцезата Дајана го водела со нејзината мајка. Разговорот се случил краток период пред кобната несреќа и загинувањето на Лејди Ди.
„Гласот на госпоѓа Францис беше пригушен, а од она што можев да го слушнам по телефонот беа еден куп навреди на сметка на принцезата Дајана“, изјавил Пол за медиумите.
Наводно станувало збор за недолично однесување кое принцезата Дајана го имала со хирург од Пакистан Хаснат Кан, и азискиот бизнисмен Гулу Лалванијем.
„Ја слушнав Дајана, ме повика: Пол, дојди брзо. Се присетува Барел и раскажа дека Лејди Ди му мавнала со раката по што тој застанал покрај неа. Ми рече да слушам на телефонот како разговара со нејзината мајка. Од тоа што разбрав можам да кажам дека повеќе стануваше збор за монолог на мајката на принцезата. Гласот на госпоѓа Френсис беше пригушен, а од тоа што можев да слушнам беа само еден куп навреди за Лејди Ди и нејзиното машко друштво. Беше тоа напад кон неа и мажите со кои таа се дружеше. Напад кон нивните религиски убедувања“, вели батлерот на покојната принцеза.
Тогаш Дајана ја спуштила слушалката и си ветила дека никогаш повеќе нема да разговара со нејзината мајка. Кога Барел го прашале за деталите од телефонскиот разговор, тој изјавил дека Френсис ја нарекла својата ќерка со погрдно име кур*а.
Според неговите зборови тоа било последен пат Дајана да се слушне со нејзината мајка.
Френсис Шанд Кид починала во 2004 година на 68 годишна возраст.