Поранешниот сопруг на Мадона раскажа за лошиот секс со неа

Во интервју за списанието Girl поранешниот сопруг на Мадона, британскиот режисер Гај Ричи, раскажа за нивниот сексуален живот велејќи дека пејачката е роб на своето алтер его.

„Таа е егоцентрична и површна. Има и чудни сексуални навики. Замислена е, а за време на сексот смеев да слушам само нејзина музика. Сакаше да водиме љубов на специјален стол опремен со аудиоопрема, што значи дека за време на неудобниот секс морав да слушам и гласна, секогаш иста музика. Не е нормална. За време на сексот ги слушавме песните како Vogue или Holiday. Ги знам сите нејзини песни на памет“, се пожалил Гај Ричи.

Во последниве децении Мадона постојано е во љубовни врски со млади мажи, но сите тие кратко траеле. Мадона има шест деца, од кои четири посвоени.

Таа јавно секогаш го нагласува своето животно мото: „Бидете силни, верувајте во слободата и Бог, сакајте се себеси, разберете ја вашата сексуалност, имајте смисла за хумор, мастурбирајте, не им судете на луѓето врз основа на нивната религија, боја на кожа или сексуалните навики, сакајте го животот и семејството“. Мадона со британскиот режисер Гај Ричи се запознаа во 1998 година на вечера со пејачот Стинг. Поп-кралицата и режисерот се земаа две години подоцна во шкотски замок. По девет години, двојката се разведе.

Scroll to Top