Пораснав на село, немав поим кој е Винсент Касел: Тина Кунаки за љубовта со славниот актер кој беше во брак со најубавта жена на светот

Познатиот францускиот актер Винсент Касел (55) наскоро ќе прослави четири години бракот со Тина Кунаки (24). Иако меѓу нив има 31-годишна разлика во годините, тоа не го спречува парот да ужива во својата страст. Тина често објавува на Инстаграм заеднички фотографии, на кои може да се забележи колку се романтични и поврзани еден кон друг.

Парот се запозна на Ибица во 2016 година, а кратко потоа стапија и во врска.

„Тоа беше магичен момент. Бевме на исто место во исто време. Не можам да ги откријам деталите за нашето познанство, но ќе кажам дека и двајцата сакаме сурфање“, откри Тина во една прилика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tina kunakey (@tinakunakey)

Таа призна дека дотогаш немала поим кој е Винсент, а сфатила дека е познат откако биле фотографирани од папараците додека излегувале.

„Пораснав на село. Немавме телевизија и не одевме во кино. Кога бев дете, моите интереси беа ограничени на училиште и фудбал“, вели таа.

Парот живее во Рио де Женеиро, а во 2019 година се роди нивната ќерка Амазонија. Во една прилика, Касел напиша дека неговата сопруга е „божествено суштество без кое не може да живее“.

Славниот шармер до 2013 година беше во брак со Моника Белучи, која неофицијално важи за најубавата актерка во светот. Со неа ги има двете ќерки Дева (16) и Леони (10). Ниту еден од нив не ги прокоментира причините за разводот, иако актерот во едно од интервјуата посочи дека е невозможно да се очекува мажот да ѝ биде верен доколку се раздели од сопругата.

По нивната разделба, романсата со Тина веднаш побуди интерес кај јавноста која е поделена со мислењата. Некои од фановите сметаат дека ниту една жена не може да го надмине шармот на Белучи, додека други сметаат дека Тина е уште поубава.

Како и Белучи, и Кунаки е Италијанка, со тоа што има нешто поегзотични корени и доаѓа од африканската земја Того.

Scroll to Top