Порноактерката побарала оставка од Доналд Трамп

Поттикната од гафовите на Доналд Трамп, порноактерката Сторми Даниелс се глумела себеси во емисијата Saturday Night Live и побарала од американскиот претседател да си поднесе оставка.

„ПРЕДОЦНА Е ДОНАЛДЕ“

„Жал ми е Доналде, предоцна е. Знам дека не веруваш во климатските промени, но на повидок е страшна бура“, изјавила Даниелс поигрувајќи си со зборовите затоа што на англиски нејзиното име Сторми значи бура.

Во приказот на Белата куќа учествувале повеќе телевизиски и холивудски актери, Скарлет Јохансон ја глумела ќерката на Трамп, Иванка, Џими Фалон зетот Џерард Кушнер, а Бен Стилер се нашол во улогата на Мајкл Коен, адвокатот на Доналд Трамп.

Ова немилосрдно шоу било точка на катастрофалната недела за Доналд Трамп, велат лицата блиски до американскиот претседател.

Сторми Даниелс тврди дека пред повеќе од десет години била во врска со Трамп, по што во 2016 година потпишала со адвокатот Коен таен договор, за кој противзаконски примила 130.000 долари, обврзувајќи се дека ќе молчи за врската со Трамп за да не му ги уништи шансите на изборите.

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани, неодамна бил вклучен во адвокатскиот тим на Трамп, а во неодамнешно интервју открил дека Трамп неколку месеци му праќал на Коен 130.000 долари, иако до интервјуто американскиот претседател тврдел дека не знаел ништо за исплатата на парите.

Во сатиричната емисија Алек Болдвин го играл претседателот кој телефонски разговара со Сторми Даниелс, додека истовремено федералната полиција (ФБИ) ги прислушкува.

САКАМ ОСТАВКА

„Кажи ми само што сакаш за да заборавиш на тоа што се случи“, ја прашува лажниот Доналд Трамп вистинската Сторми Даниелс.

„Оставка“, одговара актерката која и самата признава дека станала камче во чевелот на милијардерот Доналд Трамп.

Џулијани во новото интервју повторно ја правдаше праксата на склучување тајни договори, велејќи дека не знаел дали Коен можеби дебело го платил молчењето и на некои други жени.

„За тоа немам сознанија, но тоа би го одобрил ако биде потребно“, изјавил Џулијани.

 

Scroll to Top