Британскиот принц Хари денеска во шкотската престолнина Единбург учествува на конференција посветена на туризмот, што е едно од неговите последни учества во јавните задолженија на британското кралско семејство.
Војводата и војвотката од Сасекс – принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, во јануари најавија повлекување од нивните должности како членови на кралското семејство и оти повеќе време ќе минуваат во САД со цел да бидат финансиски независни.
Хари и Меган официјално на крајот на март ќе се повлечат од канцелариите во Лондон. Заедно со синот Арчи тие веќе неколку недели се наоѓаат во Канада.