Откако неодамна се појави во широки тренерки и без шминка, почнаа шпекулациите дека Кајли Џенер е бремена и чека бебе со своето момче, актерот Тимоти Шаламе.
Тоа беше семејна фотографија, а нејзините обожаватели се надеваа дека ќе пристигне „малата Кајли“. Меѓутоа, во последното излегување една од најпознатите сестри се „ослободи“ од широката облека и облече тесна, кратка бела маичка која го покажа нејзиниот рамен стомак и ги демантираше гласините.
Таа го поминувала времето со својата сестра и пријателите, обидувајќи се да се сокрие од папараците, па носела капа и го покрила лицето со рацете.
„Кајли во препознатлива трудничка тренерка“, напишаа фановите на Кајли Џенер, а за кратко време ова е втор пат да се шпекулира за нејзината бременост.
„Кајли не е бремена“, изјавил извор за Дејли Мејл, а неодамна блиски до неа и нејзиното момче откриле дека популарната двојка е во врска на далечина.