Повеќе сакам џентлмени, Хурем Султан не сака да снима со Бред Пит

Турската актерка Мерием Узерли позната по својата улога на Хурем од серијата „Величествениот“, вели дека не сака да снима со популарниот холивудски актер Бред Пит затоа што повеќе сакала џентлмени.

Турските медиуми пренесуваат дека Узерли му замерува на Бред Пит поради валканата битка која ја води со неговата поранешна партнерка, Анџелина Џоли, за старателството над нивните деца.

Хурем е позната како голем промотор на женските права, а во последните неколку месеци се обидува да се наметне и на холивудските продуценти и глумци. Во последен период, таа на социјалните мрежи објавува фотографии со познатите глумци како што се Ал Пачино, Џенифер Лопез и многу други славни манекенки и личности.

Како што пренесуваат турските таблоиди, Узерли изјавила дека иако сака да се најде во некој холивудски филм, добро ќе размисли ако треба да глуми со Бред Пит. Таа не се срами да го искриткува глумецот јавно, поради неговата валкана кампања против неговата поранешна партнерка Анџелина Џоли.

Scroll to Top