Повторно голи жени на „Плејбој“ – Синот на Хју Хефнер ќе го продолжи бизнисот на татко му

Синот на Хју Хефнер, Купер, ќе го продолжи бизнисот на неговиот татко. Моќното „Плејбој“ царство, Хју му го оставил на најмладиот син, кој веќе има големи планови за иднината.

Иако Купер има само 26. години, тој веќе е креативен директор на Playboy Enterprises. Toj e и  член на воената единица на резервите на Калифорнија.

Купер има прилично возбудлив живот во славната „Плејбој“ резиденција. Тој е женет со глумицата Скарлет Брајан, која се прослави во филмовите на Хари Потер. Двојката се венчаше во 2015 година, а Скарлет има и позирано за еден од магазините на „Плејбој“.

Купер на „Инстаграм“ го следат повеќе од 71.000 луѓе. Медиумите пренесуваат дека е на допар пат да го наследи поголемиот дел од имотот на татко му, кој вкупно вреди околу 50 милиони евра.

Копер Куфнер е роден на 4 септември 1991 година, а неговата мајка е Кимберли Конард, која исто така е поранешна „плејбој-зајачица“.

Купер има година дена постар брат Марстон. И двајцата пораснале во резиденцијата на нивниот познат татко.
„Кога нашата мајка почна да живее со татко, работите се смирија. На нејзино инсистирање, забавите се претворија во примање на гости кои задолжително морале да носат кравати“, одговориле браќата на прашањето како е да се живее во познатата куќа.
Хју и Кимберли почнале да живеат одвоено уште во 1998 година. Службено се разведоа во 2010 година, кога Хју ја најави забавата за Кристал Хари, која останала со него, до крајот на неговиот живот. Хју, ги сместил децата и Кимберли веднаш до својата куќа.

„Кога тато ќе правеше забави во куќата, а тоа обично се случуваше на лето или на денот на „Ноќта на вештерките“, обезбедувањето мораше да не чува за да не излегуваме од куќата“, изјавил Купер.

Тој откри дека почнал да работи во компанијата на татко му уште кога имал 21 година, но, набрзо потоа ја напуштил.

„Сакав да придонесам во создавањето на овој влијателен бренд, кој беше наменет за мојата генерација, но тоа не ми го дозволија, па си отидов“, изјавил Купер.

Во меѓувреме уредувачката политика се променила и магазинот престанал да објавуав голи фотографии. Бројот на публика нагло се намалил. Но, кога Хју излегол од бизнисот, влегол Купер, кој бил именуван за креативен директор минатата година.

Една од неговите први задачи е да ја врати автентичноста на магазинот со голите фотографии.

„И мојата мајка се најде на насловните на магазинот. Мојот однос кон сексот веројатно многу се разликува од повеќето луѓе. Навистина не мислам дека сексот е нешто страшно, додека луѓето не го направат“, изјавил Купер кој ќе биде една од најважните личности во креирањето на иднината на славниот магазин.

Scroll to Top