Канје Вест и Бјанка Ценсори се разведуваат поради неговите неодамнешни антисемитски испади на X, пишува „Page Six“.
Извор близок до парот тврди дека Бјанка е исцрпена од објавите на Канје, како и од неговата одлука да продава маици со кукаст крст.
„Таа беше одлична жена и одличен соработник, помина низ многу луди моменти, но нивниот брак не може да го преживее ова“, коментира изворот.
Бјанка, наводно, претходно ги преболела сличните изјави на раперот, но твитовите во кои тој тврдел дека е „нацист“ и дека „го сака Хитлер“ особено ја вознемириле.
„Ситуацијата стана екстремна“, истакна изворот, додавајќи дека Бјанка не е сигурна како да го „приземји“ Канје и дека знае дека меѓу нив е готово.
Според информациите од извори блиски до парот, 47-годишниот рапер и 30-годишната архитектка ќе поднесат законско барање за прекин на бракот во наредните денови. Бјанка моментално престојува во нивниот луксузен дом вреден 35 милиони долари во Лос Анџелес. По разводот таа наводно ќе добие пет милиони долари.
Веќе се зборуваше за разводот на Вест и Бјанка минатата година. ТМЗ на почетокот на октомври објави дека парот се скарал и се разделил и дека за тоа ги известиле своите најблиски луѓе. Во тоа време беше објавено дека Бјанка заминала во Австралија за да биде со своето семејство, а Канје имал планови да се пресели во Токио. Разводот не се случи тогаш, но дали љубовта сега е завршена, останува да се види, анализираат медиумите.