Кејт Хадсон ги поттикна шпекулациите дека е повторно бремена откако фотографите ја снимија нејзиниот одмор на грчки остров со вереникот Дени Фуџикава и нејзините деца.
45-годишната актерка се фотографираше во летно издание, а на фотографиите покажува поголем стомак. Инаку, за нејзината бременост се шпекулираше и порано кога се појави на доделувањето на GLAAD Media Awards во Лос Анџелес, а под фустанот и се гледаше стомакот.
Актерката има три деца со три различни татковци, 20-годишниот син Рајдер Расел Робинсон, кој го има со поранешниот сопруг Крис Робинсон, потоа 12-годишниот син Бингам Хоун, кој го има со музичарот Мет Белами и 5-годишната ќерка Рани, која ја доби со сегашниот вереник.