43-годишната актерка Џулија Стајлс откри дека минатата година го родила своето трето дете. „Емотивна сум затоа што дома имам петмесечно бебе и почнав да го режирам мојот прв филм Wish You Were Here“, изјави таа во средата во интервју за The New York Times.
Актерката не ги откри деталите за бременоста, вклучувајќи го полот и името на бебето. „Јас навистина не зборував за тоа“, додаде таа.
Таа направи споредба меѓу мајчинството и нејзиното искуство како режисер.
„Мислам дека да се биде мајка е одлична обука и ми помага како режисерка. Мора да размислувате 10 чекори понапред, но и да бидете во сегашниот момент. Мора да бидете добри во управувањето со времето. Мора да бидете чувствителни на потребите на луѓето и да ги водите, но и да ги држите границите“, изјавила Стајлс и додала дека навистина не спие многу поради бебето, но има енергија.
Џулија и нејзиниот сопруг Престон Кук ги имаат синовите Страмер (6) и Арло (2). Ѕвездата се омажи за Кук во септември 2017 година, кога беше бремена со нивниот прв син.