Познати модели ќе завршат во затвор, сокриле од државата 5,3 милиони долари

Кендал Џенер, Бела Хадид, Емили Ратаjковски и Хејли Болдвин ќе мораат да одат на суд, поради парите кои ги добиле за рекламирање на еден фестивал.

Популарните манекенки не ја пријавиле добивката од рекламирањето на Fyre фестивалот, што само по себе претставува казнено дело според американските закони.

Познатите модели како влијателни личности по социјалните мрежи, помогнале во промоцијата на споменатиот настан, за што вкупно им било платено 5,3 милиони долари.

Покрај Кендал, Беле и Емили, судски повици добиле и Роуз Бертрам и Хејли Болдвин, која неодамна се омажила за пејачот Џастин Бибер. Сите супермодели пред две години го снимиле промотивниот спот на Карипското море.

„Дејли Мејл“ пишува дека обвинителите им испратиле судски налог на сестрата на Ким Кардашијан, Џенер, затоа што во јануари 2017 година, примила 250.000 долари на сметка, а четири месеци подоцна на Инстаграм објавила дека и некои од нејзините членови во семејството ќе учествува на фестивалот.

Џенер не објаснила дали парите ги добила за избришан пост на социјалните мрежи, па ќе мора да се изјасни сега на суд. Интересно е дека организаторите на фестивалот од инвеститорот подигнале дури 26 милиони долари кои наводно место да ги вложат во пректот, тие ги распоредиле меѓу себе.

Иако фестивалот е претставен како настан на деценијата, од тоа нема ништ. Сега судог и надлежните ги истражуваат сите направени малверзации. Бизнисменот Били Мекфарленд, кој е соочен со повеќекратни тужби, сега издржува шестгодишна затворска казна.

 

Scroll to Top