Познатите што си ги уништија браковите поради афери со дадилките

Многубројни холивудски заводници си ги уништиле браковите поради аферите со дадилките на своите деца. Иако списокот на глумци и музичари е долг, ова се некои од нив, чие наводно неверство крена голема прашина во јавноста.

Мик Џегер

Бракот на Мик Џегер и Џери Хол беше нарушен поради дивите сексуални авантури што тој ги имаше со Клер Хоусман, дадилката што ја ангажира неговата сопруга да им ги чува децата додека тие беа на турнеја на „Ролинг стоунс“.

Клер во интервју за британските медиуми раскажала дека самото тоа што го запознала Џегер било доволно лудо за неа. Кога првпат дошла во неговата хотелска соба, тој ја дочекал гол, без долна облека, а два дена подоцна, таа призна дека паднала на неговиот шарм.

Бен Афлек

Кога јавноста дозна дека Бен се разведува од својата сопруга Џенифер Гарнер, во истиот момент се појавија шпекулации дека тој ја изневерувал со дадилката Крисин Оузоунијан. Во 2016 година имаше шпекулации дека Кристин му создала проблеми во бракот и на познатата американска НФЛ-ѕвезда Том Брејди.

Арнолд Шварценегер

Гувернерот немал само афера со дадилката, туку добил и дете со домашната помошничка додека бил во брак со Марија Шрајвер. Но, тие се немаа разведено ни по десет години откако новинарката побара раскинување на бракот. На крајот се разведоа дури во 2011 година.

Робин Вилијамс

Робин Вилијамс и Валерија Веларди се разведоа поради неговата афера со дадилката Марша Гарсес, со која подоцна глумецот се венча. Тој откри дека Валерија знаела за неговата слабост кон други жени. Тие беа во брак 19 години и добија две деца.

Џуд Ло

Џуд Ло и Сиена Милер ја прекинаа свршувачката кога дадилката Дејзи јавно проговори дека имала афера со глумецот во 2005 година. Тогаш тие разделија, а повторно се свршија во 2010 година. Но, веќе следната година повторно се разделија. Светските медиуми пренесоа дека Сиена не можела да му ја прости аферата со дадилката и покрај големата љубов што ги врзувала.

 

 

 

Scroll to Top