Преживеа силување и абортус, стана првата афроамериканска милијардерка: Опра на роденденот проговори за тешкото детство

Поранешната американска водителка Опра Винфри, која денес го слави својот 68 роденден, за себе вели дека најтешкиот дел во животот го искусила во нејзината младост. Првата афроамериканка која стана милијардерка, пред три години, на својот 65. роденден, првпат проговори за тешкото детство. Тогаш откри дека на 14 години забременила, дека како дете била злоставувана од нејзиниот татко и дека пораснала во многу сиромашни услови.

И покрај тешкото минато, Опра вели дека пронашла сила во себе за на крајотда  стане едно од најславните ТВ-лица во светот.

Нејзината мајка ја напуштила додека била мала. Во тинејџерските години била силувана, но сите лоши работи таа вели дека ги оставила зад себе. Иако многумина ја исмевале ѝ ја понижувале, таа не дозволила да ја обесхрабрат.

Додека студирала, истовремено работела во телевизиска установа во Нешвил. Кога се преселила во Балтимор, почнала да работи како презентерка на висти и водителка на една емисија. Во тој период почнала да се пробива во светот на шоубизнисот. Откако се преселила во Чикаго, почнала да води утринска емисија, а набрзо потоа добила дозвола за нејзината емисија „Опра шоу“, која во Америка долги години ги рушеше рекордите по гледаност.

Во емисијата  гостувале ѕвезди како Мајкл Џексон и Нелсон Мандела, а емисијата била прикажувана на 120 канали. Ја следеле преку десет милиони луѓе. Опра добивала критики дека е премногу ориентирана кон таблоидите, па морала да ја промени содржината на емисијата.

Во неа вметнала друштвени прашања, духовитост, медитација, прашања од геополитиката. Многумина тврдат дека нејзиниот допринес во кампањата на Барак Обама, била клучна за неговата победа на претседателските избори.

Покрај сето ова, Опра глумела и во филмови. Се појавила во филмот на Стивен Спилберг, „Бојата на пурпурот“. Таа е основач на две списанија, а има и свој клуб на книги Oprah’s Book.

Опра се наоѓа на листата 50 највеликодушни Американци, а до 2012 година, има подарено околу 400 милиони долари за образовни цели и 400 стипендии за факултетот во Атланта. Денес Опра има богатство од околу 2,6 милијарди долари.

Иако е повлечена од јавноста, таа повторно стана актуелна со интервјуто со Меган и Хари, во кое првпат ја раскажаа својата приказна за животот и проблемите со кралското семејство.

Скопо 36 години е во врска со педагогот Стедман Греам (70). Тие се свршија 1992 година, но брзо потоа ја прекинаа свршувачката. И покрај тоа живеат заедно. Своевремено изјавија дека најверојатно не би биле толку години заедно ако се венчаа.

Scroll to Top