Пријанка Чопра е првата Индијка на насловната на Вог

Боливудската актерка со холивудска кариера Пријанка Чопра (35), ѕвезда на ТВ-серијата „Квантико“ и мис на светот за 2000 година е на насловната страна на јануарското издание на американскиот „Вог“. Со ова, Чопра ќе биде првата Индијка која ја краси насловната на култниот моден магазин во неговата 126 годишна историја. Облечена е во златен фустан со потписот на Том Форд.

 

Чопра е актуелна со свадбата во Индија со нејзиниот избраник- поп-пејачот Ник Џонас. Претходно, двојката се венчаше во Италија, на езерото Комо, во присуство само на семејството.

Фотосесијата за „Вог“ ја потпишува славната Ени Либовиц, а едиторијалот е проследен со интервју за љубовната приказна на Пријанка Чопра насловена Кога Прајанка го сретна Ник.

Scroll to Top