Поранешната Мис на светот и актерка Пријанка Чопра и музичарот Ник Џонас станаа родители преку сурогат мајка. Тие ги изненадија фановите со објавата дека добија бебе.
„Пресреќни сме што можеме да потврдиме дека добивме бебе преку сурогат. Ве замолуваме за приватност во овој посебен период додека се фокусираме на нашето семејство“, напишаа и Пријанка (39) и Ник (29) на Инстаграм, но не го открија полот на бебето.
Актерката и пејачот на „Џонас брадрс“ се венчаа во 2018 година по две години врска. Неодамна медиумите пишуваа дека се разведуваат, кога Пријанка го тргна презимето Џонас од нејзиниот инстаграм-профил.