Пријатели никогаш веќе заедно

Веќе со месеци се поставува едно исто прашање, а тоа е дали серијата „Пријатели“ повторно ќе се снима. Дејвид Крејн, еден од творицте на прочуеното остварување, дал конечен одговор кој обожавателите сигурно ќе ги разочара.

„Повторна средба нема да се случи никогаш“, изјавил Крејн и додал:

„Што било поминало. Завршивме со таа приказна и тоа е тоа. Поминавме заедно 10 фантастични години. Сите кои сакаат да ги гледаат „Пријатели“, секогаш тоа можат да го направат на интернет, а и на телевизија константно се репризираат“, навел Крејн.

 

Scroll to Top