Последните година дена светските таблоиди сè повеќе пишуваат за здравјето на холивудската актерка Анџелина Џоли и нејзината тежина. Многумина сметаат дека таа се изгладнува и дека ѝ е потребна помош.
Некои сметаат дека немањето среќа во љубовта е причина за нејзината лоша здравствена сосотјба. Други мислат дека е тврдоглава, додека трети веруваат дека актерката навистина е болна и дека ѝ е потребна помош.
Блиски извори до неа за Globe тврдат дека таа ослабела толку што сега почнала да ја носи и облеката од нејзините деца.
„Немојте да бидете изненадени ако ја видите Анџелина облечена како девојче“, велат тие, а пишува Globe. Според нив, Џоли едвај да има 43 килограми.
„Изгледа како вреќа коски“, велат некои од нив, кои сакаат да останат анонимни.
Некои шпекулираат дека актерката почнала да се изгладнува поради љубомората кон нејзиниот поранешни сопруг Бред Пит, кој минатата година започна врска со германскиот модел Никол Потуралски.
За потсетување, Анџелина Џоли отворено зборуваше за својата борба со нарушување во исхраната. Таа откри дека се соочила со анорексија уште како тинејџерка, но никогаш не признала дека станува збор за нарушување.
Секогаш велела дека нејзината тежина била резултат на стресот.