Принцезата од Монако ги негираше гласините за развод

Принцезата Шарлин од Монако (45), сопруга на принцот од Монако Алберт (65), е позната и како најтажната принцеза на светот ги демантираше гласините за развод. Од неодамна медиумите шпекулираа дека кралската двојка ќе се разведе.

Олимписка пливачка Шарлин е родена во Зимбабве, а неодамна замина во Јужноафриканска Република за да го посети семејството. Десет месеци не беше видена во Монако, па се проширија гласини дека не планира да се врати.

„Среќна сум и мирна во бракот“, рече Шарлин во интервју за јужноафриканските медиуми и додаде дека не и е јасно од каде започнале гласините.

Принцезата на почетокот на летото го избриша Инстаграмот, а германските и француските медиуми објавија дека се преселила во Швајцарија. За потсетување, во 2014 година, кралската двојка Монегаски ги доби близнаците Жак и Габриела.

Шарлин ја нарекуваат најтажната затоа што речиси никогаш не се насмевнува во јавност, особено кога е со сопругот.

Scroll to Top