Принцезата Шарлот го слави третиот роденден

Mалата Шарлот на свет дојде пред точно три години, на 2 мај 2015 година. Таа со својата прва фотографија го засени не само својот брат Џорџ туку и родителите и целото кралско семејство.

Шарлот денеска го слави својот трет роденден, а многумина веќе ја прогласуваат за нова модна икона.

По раѓањето на своето второ братче, при посетата на мајка си Кејт во болница, таа ги освои симпатиите на насобраниот народ.

Таа со својот татко, принцот Вилијам, и братот Џорџ, се појави во сино цветно фустанче, во црни балетанки со ремче и бели чорапчиња со тантела.

Веднаш ги освои сите со својот изглед. Брендот беше на дизајнерката Алис Авенел, пријателка на Кејт од студентските денови.

 

Scroll to Top