Принцезата Шарлот сака пони за Божиќ

Принцезата Шарлот од принцот Вилијам и Кејт Мидлтон побарала пони за божиќен подарок, пренесуваат британските медиуми. Блиски извори до кралското семејство велат дека принцезата љубовта кон коњите ја развила од нејзината прабаба, кралицата Елизабета.

Тие велат дека и Елизабета кога имала четири години за Божиќ добила пони, по име Пеги, но не смеела да го јава се додека не наполни шест години.

„Вилијам се плаши да ѝ подари пони на неговата ќерка Шарлот, затоа што мисли дека е премлада за такво нешто. Сигурен сум дека кралските деца за подарок ќе добијат кујнски сетови, затоа што и двајцата обожаваат да прават неред во кујната“, открива изворот.

Братот на Шарлот, принцот Џорџ е голем љубител на спортот и тој побарал за подарок рекети за тенис.

 

 

Scroll to Top