Принцот Чарлс ѝ рече „мамичке“, кралицата преврте очи

По повод 92. роденден на кралицата Елизабета Втора, во неделата бил одржан концерт на кој пееле Том Џонс, Кајли Миног, Шон Мендес, Стинг и Шеги, а освен најблиските, на забавата присуствувале и други членови на аристократијата.

На крајот на концертот кралицата со принцот Чарлс, кој во тој момент ѝ честитал роденден, се качиле на бината.

Принцот Чарлс бил прилично службен и се обратил со Ваше Височество, но потоа малку се опуштил, па ја нарекол „мамичка“.

На ваквите изливи на нежност кралицата само завртела со очите. Очигледно не ѝ се допаднала шегата на Чарлс.

Освен најблиските членови на семејството, на забавата во салата „Ројал Алберт“ во Кенсингтон присуствувале и други членови на аристократијата.

Роденденот пред публиката и гледачите на Би-би-си ѝ го честитал и принцот Хари.

„Вечерва го славиме роденденот на кралицата. Ваше Височество, ако смеам да споменам, не сте баш личност за која е лесно да се одбере подарок“, изјавил Хари со насмевка.

Инаку, кралицата го слави својот роденден двапати годишно, на 21 април најчесто приватно и вторпатво јуни, со голема парада во центарот на Лондон.

 

 

Scroll to Top