Синот на кралицата Елизабета, 71-годишниот принц Чарлс, планира да ја напушти Велика Британија и да му ја остави круната на принцот Вилијам, пренесуваат британските медиуми.
Тие пренесуваат дека на Чарлс му здодеало чекајќи да стане крал. Тој ја чека круната повеќе од кој било друг наследник во историјата на оваа земја.
Магазинот New Idea, повикувајќи се на добро упатен извор од кралскиот двор, тврди дека Чарлс и Камила имаат намера да се преселат во Италија и последните години од нивните животи да ги поминат во Тоскана.
Круната во тој случај ќе му ја остават на принцот Вилијам и тој ќе ја добие на денот кога неговата баба, кралицата Елизабета, ќе почине или ќе отстапи од тронот.
Желбата да живее во Италија Чарлс ја има уште од 1995 година. Тоа во едно од своите поранешни интервјуа го открила и неговата поранешна сопруга, принцезата Дајана.
Таа во интервју за Newsweek открила дека Чарлс отсекогаш имал желба да се пресели во Италија и таму да живее со тогаш неговата љубовница Камила.
New Idea тврди дека Дајана во споменатото интервју изјавила дека Чарлс нема намера да чека да стане крал. Таа објаснила дека сопругот сакал да поседува фарма во Тоскана и бил подготвен да ја остави во Британија сама да го одгледа Вилијам за улогата на крал.
Во истото интервју споменат е и извор од дворот кој изјавил дека Дајана верува дека Чарлс никогаш нема да стане крал. Со тоа се согласиле и нејзините лични астролози.
25 години подоцна, New Idea тврди дека принцот Чарлс конечно одлучил да ја реализира својата долгогодишна желба. Тоа наводно го потврдил високопозициониран извор од дворот кој изјавил дека Чарлс бил толку фрустриран чекајќи да стане крал.
„Пресудно за неговата одлука е тоа што кралското семејство нема да го обвини ако се одлучи да замине. Тие сметаат дека Вилијам и Кејт Мидлтон се докажаа и тие се и повеќе од способни да го преземат кралството“, изјавил изворот.
Порталот Gossip cop, пак, тврди дека Дајана никогаш не ја спомнала Италија како крајна дестинација за принцот Чарлс и дека поранешната принцеза никогаш не ги спомнала астролозите во тоа интервју. Но, на прашањето дали Чарлс ќе ја преземе круната еден ден, таа одговорила дека никој не го знае одговорот на тоа прашање.
Дајана на прашањето дали во тој случај круната треба да му биде предадена на Вилијам, објаснила дека нејзиниот син бил премлад за да преземе толкав товар врз себе.