Принцот Џорџ почна во школо – Тато го однесе за рака во првиот ден

Принцот Џорџ во школо пристинга само со татко му. Пред школото стигнаа околу 8:50 часот по локално време.

Британскиот принц Џорџ од вчера почна да оди во школо, пренесува Гардијан.

Неговите родители, војводата и војводтката од Кембриџ имале намера да го испратат до школо, но Кејт морала да остане дома поради бременоста и утринските мачнини.

 

Принцот Џорџ во школото стигна само со татко му.

Третиот по ред наследник на тронот ќе почне во школото „Thomas’s London Day School“, каде школарината чини 20.000 евра.

Тука ќе се научи на убаво однесување, ќе стекне лидерски вештини и самопочит. Ќе следи часови по математика, англиски, но и часови кои се однесуваат на „разбирање на светот“, уметноста и дизајнот.

Од првиот ден ќе може да следи и часови по француски јазик, глума, балет, музичко и физичко образование.

Принцот Вилијам го држеше за рака се до влегувањето во школо, каде ги дочека Хелен Хаслем, директорката од предшколската програма. Принцот Џорџ делуваше исплашено и нервнозно, но тоа просто е неодоливо на лицето кај едно прваче.

Бен Томас, директорот на школото, кој 18 години беше управник во „Thomas’с London Day School“, вели дека овде Џорџ ќе научи како да биде свој.

„Децата од самиот почеток треба да се научат на самопочит. Ние нема да го тераме да биде нешто што не е, тоа не би смееле да го работиме со ниту еден од нашите ученици“, изјави тој.

Принцот Вилијам почна во „Wetherby school“, на Нотинг Хил во западен Лондон, а речиси сите медиуми го забележаа неговиот прв ден.

Погледнете го видеото:

 

Scroll to Top