Принцот Филип ѝ ги признал на кралицата Елизабета сите неверства

Кралот Филип ѝ ги открил на кралицата Елизабета ѝ и кажал за сите неверства што ги направил откога се во брак. Кралската двојка е во брак 73 години, а принцот пред да умре сакал да ѝ се исповеда на кралицата и да ѝ ги каже сите гревови што ги направил во животот.

Американскиот магазин „Стар“, повикувајќи се на извор близок до кралското семејство, пишува дека принцот сакал пред да почине, да ѝ се исповеда на кралицата и дека на неодамнешната годишнина од бракот тој ѝ раскажал за сите свои љубовни авантури.

Една од најконтроверзните измами за кои медиумите пишуваа во минатото е неговото неверство со 30 години помладата девојка Пени Рамзи. 67-годишната Пени, која е британска благородничка, поради блискиот однос со принцот Филип, била постојано цел на таблоидите.

За големиот број скандали на кралската двојка, пишува авторката Ингрид Севард во својата книга „Октриениот принц Филип“. Таа неодамна објави детали за инцидентот што се случил за време на една од нивните турнеи во Австралија.

Во разговор за „Фокс њуз“ таа откри дека кралицата фрлила тениски рекет и чевли кон принцот Филип додека ги следела филмска екипа.

Оваа славна девојка е повеќе од седум децении во брак и ги има четирите деца – 71-годишниот принц Чарлс, 70-годишната принцеза Ана, 60-годиниот принц Ендру и 56-годишниот Едвард.

 

 

Scroll to Top