Принцот Филип имал успешна операција на срцето, пишува британски „Мирор“. Од палатата изјавиле дека операцијата била успешна и дека прицот ќе остане во болница неколку дена да закрепне. Од таму велат дека неговата состојба не е поврзана со коронавирусот.
Медиумите пишуваат дека принцот првин бил примен во болница затоа што не се чувствувал добро, а потоа поради инфекција, морал да биде префрлен во друга.
За потсетување, десетина дена пред неговата состојба да се влоши тој и кралицата се вакцинираа против Ковид-19.