Во книгата „Бракот на кралицата” поранешната ѕвезда од реалните шоуа лејди Колин, пишува дека принцот Филип со години ја изневерувал кралицата Елизабета. Таа напишала дека Елизабета уживала во сексот, а дека останала невина до првата брачна ноќ. Во книгата на 320 страници таа го опишува односот на кралскиот пар и открива детали за кои тврди дека се проверени и вистинити.
„Филип бил голем заводник, секогаш јавно флертувал со жените. Не познавам ниту една убава девојка која не била во негово друштно, а да не кокетирал со неа. Тоа го искусив од прва рака“, рекла лејди Колин, додавајќи дека на кралицата тоа воопшто не ѝ пречело.
Таа вели и дека сите приказните во книгата се проверени и вистински, а дека информациите ги добила од блиски луѓе на кралското семејство.
Книгата „Бракот на кралицата“ доби многу негативни коментари од британската јавност.