Принцот Филип опериран од срце во стотата година од животот

By

Сопругот на кралицата Елизабета Втора, британскиот принц Филип, на 99 годишна возраст беше опериран и ќе остане во болница.

Британските медиуми наведуваат дека принцот бил подложен на интервенција на срцето, по инфекција и сè поминало во најдобар ред.

Војводата од Единбург ќе престојува во болница во Лондон уште 6 недели, додека целосно не закрепне.

„Во среда вечерта принцот Филип беше успешно опериран, за да се реши мал проблем со срцето. Неговото кралско височество ќе остане во болница, за да закрепне и да се одмори во текот на следните денови“, соопштија вчера од Бакингемската палата.

Пред повеќе од две недели, принцот Филип, поранешен престолонаследник на Грција и на Данска, беше хоспитализиран во болница во Лондон , поради инфекција, откако му се слоши во палатата Виндзор. Потоа, на почетокот на неделава, тој беше префрлен од приватната болница „Кралот Едвард VII“ во болницата „Свети Вартоломеј“ и првично беше речено дека ќе биде задржан таму само до крајот на неделата.

Неговата снаа Камила, сопругата на принцот Чарлс, вчера за медиумите накусо изјави дека Филип е добро, но дека прима терапија.

Прицот Филип во брак со британската кралица Елизабета Втора е од ноември, 1947 година.

 

Ќе ви се допадне

AnimeDao animedao tower of god: Watch The Promised Neverland Episode 11 (https://animedao.nl/m/Wyxw/ep-11)

AnimeHeaven animeheavenru: Kuroko's Basketball 2 Episode 25