Само мал број фоторепортери ќе имаат дозвола да ја сликаат венчавката на принцот Хари и Меган Маркл. Тоа се однесува и за телевизиските екипи.
„Конфликтот меѓу медиумите и кралското семејство резултирал со ситуацијата каква што ја имаме денес“, истакнал Артур Едвардс, фотографот на британското списание „Сан“, кој кариерата ја посветил на фотографирање и следење на британското кралско семејство.
Природно напнатиот однос меѓу кралицата и семејството од Виндзор, од една страна, и домашните медиуми, од друга, прераснал во отворена војна, а резултатот од тоа е на венчавката на принцот Хари и актерката Меган Маркл речиси воопшто да нема присуство на медиуми. Само еден новинар ќе биде во црквата додека уште неколкумина фотографи ќе имаат пристап до дворот додека трае венчавањето за кое граѓаните преку даноци ќе дадат 4,8 милиони долари.
Едвард открива дека Хари станал толку повлечен што повеќе не ги поздравува собраните новинари, нешто што досега беше прашање на бонтон. Убеден е дека одлуката за неповикувањето на новинарите е одлука на Хари затоа што сигурно кралската прес-служба не го советувала на ваков чекор.