Принцот Хари ја обожава Меган Маркл

Принцот Хари ја обожава својата сопруга, принцезата Меган Маркл, а тоа го покажа во Кенсингтонската палата во Лондон, каде што се одржа настанот на кој беше промовирана книгата „50 рецепти од готвењето на заедницата Хаб“.

Собраните средства од продажбата се планирани да завршат кај настраданите семејства во минатогодишната голема трагедија што се случи во западен Лондон, кога се запали висококатницата „Гренфел“.

Војвотката од Сасекс на овој важен настан се појави во друштво на својата мајка Дорија и сопругот Хари. Принцот гордо го поддржа првиот самостоен хуманитарен проект на неговата сопруга. Хари за време на целиот настан не го тргна погледот од Меган.

За оваа пригода војвотката од Сасекс одлучи да облече фустан од дизајнерката Мише Ноно и боди без ракави од брендот Tuxe, кој ѝ е еден од омилените.

Комбинацијата ја дополни со нејзините омилени чевли од Сара Флинт, а целото издание го комплетираше со волнен капут во кралска сина боја од канадскиот бренд Smythe.

Станува збор за капут што често може да се види на кралските настани, а кој особено често знае да го облече Кејт Мидлтон.

 

 

 

Scroll to Top