Принцот Хари ја прекрши кралската традиција

Принцот Хари ја прекрши повеќедецениската кралска традиција, објавија лондонските медиуми, затоа што ја побара за жена својата девојка, американската актерка Меган Маркл. Според традицијата во британското кралско семејство, свршувачка е можна дури по две години љубовна врска. Според медиумите, 32-годишниот Хари решил да го прекрши правилото и „предвреме“ да ја побара за жена 36-годишната Меган поради две причини – големата љубов кон неа, но и желбата неговиот дедо, принцот Филип, и него да го види пред олтарот.

Хари ја побара за жена Меган за време на нивниот неодамнешен одмор во африканската држава Боцвана, но место прстен, актерката доби белезица.

Прстенот, вреден 100.000 фунти, изработен од накитот на мајката на Хари, покојната принцеза Дајана, Меган ќе го добие откако свршувачката официјално ќе ја одобри кралицата Елизабета.

 

Scroll to Top