Принцот Хари и Меган ќе се разведат за три години, тврди пророчница

Пророчница и пријателка на покојната принцеза Дајана, Симон Симонс ја претскажа тажната иднина за принцот Хари и Меган Маркл.

Симонс верува дека омилената кралска двојка, која се венчаше во јуни, ќе ги добие своите две деца пред изненадувачки да се разведат, но и дека Хари нема да биде свесен што го снашло.

Симон која тврди дека сеуште комуницира со принцезата Дајана, вели дека бракот на младата двојка, ќе трае две до три години.

„Не сакам да видам никој да биде повреден, но Хари нема да знае што го снашло кога тоа ќе се случи. Сега е заљубен но, тој е олицетворение на Дајана и е чувствителен како и неа“, вели Симон за „Дејли Стар“.

Пророчницата која ја напишала книгата за Дајана: „Последниот збор“, мисли дека Меган е веќе трудна со Хари.

„Мислам дека е трудна“. Нешто се гледа на нејзиното лице“, вели Симон, кој ги обвинува родителите на Меган за разводот.

„Ни луѓето со дисфункционално семејство не се толку раздвоени како нејзиното. Погледнете ги нејзините последни две врски. Не траеа повеќе од две години. Ни со оваа нема да биде поинаку“, убедена е Симон.

 

 

 

 

Scroll to Top