Принцот Хари на романтичен одмор во Африка

Британскиот принц Хари и американската актерка Меган Маркл заминале на романтично патување во Африка, каде таа го  прославува 36-тиот роденден.

„ Хари долго го планираше овој одмор. Мислеше на сè и се потруди да биде романтично. Ќе кампуваат под ѕвезди, ќе пловат со чамец преку езеро и ќе уживаат во долги прошетки – открил извор близок до кралското семејство.  Се зборува дека 32-годишниот Хари овој месец сака да ја запроси Меган Маркл, на 20-годишнината од смртта на неговата мајка, принцезата Дијана.

„ Никој не знае што ќе се случи кога заедно ќе го гледаат сензационалното зајдисонце. Можеби Хари ќе клекне пред Меган“ – рекол извор близок до кралското семејство.

Scroll to Top