Принцот Хари официјално ги наведе САД како неговo примарнo место на живеење

Принцот Хари официјално ги наведе САД како негово примарно место на живеење, според документите поднесени во ОК.

Промената беше откриена во апликацијата за добротворната организација за одржлив туризам „Travalist“, основана од Хари, во која тој го потпиша своето полно име – принцот Хенри Чарлс Алберт Дејвид, војвода од Сасекс, објави „Sky News“.

Хари и Меган живеат во Калифорнија откако се повлекоа како високи членови на кралското семејство во март 2020 година. Иако електронската апликација беше наведена дури вчера, документот покажува дека промената е направена на 29 јуни 2023 година.

Се случи истиот ден кога Бакингемската палата потврди дека парот ја напуштил Фрогмор Котиџ, која беше нивното последно престојувалиште во ОК.

Во 2019 година, кралските сметки открија дека Меган и Хари платиле 2,4 милиони фунти за покривање на реновирањето и изнајмувањето на Фрогмор на имотот Хом Парк. Фрогмор Котиџ првично беше подарок за парот од бабата на Хари, покојната кралица Елизабета Втора.

Наводно, од војводата и војвотката од Сасекс било побарано да ги пренесат преостанатите работи од тоа место, кое е блиску до замокот Виндзор, неколку недели откако Хари го критикуваше кралското семејство во неговите мемоари.

Scroll to Top